Не истурајте го талогот од кафето!

Шолја црно кафе со неодолив мирис и вкус е за многу најдобар утрински сојузник и омилен дневен ритуал за одмор.
Но дали знаевте дека и талогот од кафето е корисен?
Пред да го истурите, размислете дали е можда подобро да го зачувате за подоцна и да го употребите за разубавување, заштита од инсекти, освежување на домот или како храна за растенијата.
Се прашувате како?
Ако ви треба пилинг, после пиење на кафе, измешајте го талогот од кафето со малку мед.
Добиената смеса е одлична за пилинг на лице и тело, но исто така и како сретство кое ќе ви помогне да се ослободите од целулитот.
Кога на вашата коса му треба освежување, секогаш можете да направите маска од талогот.
Овој процес е многу едноставен, се што треба да направите е пред да го нанесете шампонот, со талогот на кафето истријте го коренот на косата и да почекајте две минути.
Ова не треба да го користат русокосите, бидејќи косата може да им поприми неприродна темна боја.
Ако сакате да се заштитите од досадни инсекти, можете повторно да го користите талогот.
Втријте го на места кои се најмногу подложни на напади од комарци а силниот и моќен мирис од талогот од кафе ќе ги одврати далеку од вас.
За да го решите непријатниот мирис во станот, ставете го талогот во помал сад и ставете го во фрижидер или во близината на корпата за ѓубре.
“Остатокот ” од кофеин е добар во борбата против валканите садови. Тријте го садот на кој му треба темелно чистење и работата е веќе завршена.
Сличен рецепт може да се применува ако сакате да го вратите стариот сјај на дрвениот мебел. Талогот се меша во вода, а потоа се премачкуваат дрвените површини.
Оставете вака да делува неколку минути, а потоа избришете со чиста крпа.
И на крај, не заборавајте дека талогот мешан со вода е одличен избор како дополнителна храна во земјата во вашите саксии во кио чувате цвеќиња.