Не трудете се, не вреди: 7 знаци дека тој самиот на себе си е најважен

Тоа е едноставна психологија – кога е егоистичен,има помалку самодоверба неопходна за воведување на позитивна атмосфера во врската.
Фактот што нема самодоверба, значи дека ни сам со себе не е среќен и ќе овозможи негативна енергија, која ќе ги отфрла луѓето далеку од него.
Ако вашиот партнер е таков, ќе се грижи повеќе за неговата кршливост, отколку што ќе ви помогне да ја исполните вашата душа.
Еве неколку знаци кои покажуваат дека тој повеќе се занимава со себе отколку со вас:
Се се однесува на него
Секогаш кога ќе сте повредени или тажни и ќе му се отворите за тоа, наместо да ви помогне и да ви даде поддршка, приказната ќе се сврти кон себе.
Се ќе се споредува со неговата болка а вие полека ќе престанете да му се доверувате за вашите лични проблеми.
Не ги прифаќа вашите совети
Дури и ако ги прифати, тој нема да го прифати фактот дека сте биле во право – ќе ги презема сите заслуги без да ве спомене и целосно ќе ве исфрли од приказната.
Глуми вина
Секогаш кога има некој вид на несогласување, ќе се обиде да се заштити. Ќе замине и ќе ве остави со идејата дека сте виновна.
Вие знаете дека сте приврзани за него и тешко е да напушти некој со кого сте потрошите многу време. Времето дава сентиментална вредност на нештата.
Не е важно колку време имате поминато со него, неповрзано со тоа каков човек е тој, вие се давите пред него. На крајот, секогаш се извинувате за нешто што не е ваша вина.
Се друго му е попривлечно
Ако тој е вљубен во вас, ќе ве приметува повеќе од било што друго што е околу него.
Вие не мора да го враќате од длабоките мисли од време на време.
Но, ако повеќе од времето е свртен сам кон себе, се што може да му го одвлече вниманието – ќе му смета. Тоа може да биде било што луѓе, нешта ..
Во екстремни случаи и неговите нокти.
Вие сте неговиот извор на енергија и самодоверба
Ако мислите дека сте совршена девојка која може да му даде внимание и ја држи главата високо, тогаш ќе ве држи до себе многу повеќе, дури и ако не е заљубен во вас.
Вие сте тука само за да ја пополните неговата потреба за фалење и тој ви е центар на светот.
Премногу е критичен
Но, вие не може да бидете совршени! Не заборавајте дека човекот кој е оптеретен премногу со себе себично му да ви го каже тоа.
Дури и кога ќе го смените целиот изглед и личност за да му одговарате нему и на неговите желби, секогаш ќе се чувствувате како лудача која постојано некој ја критикува.
Што е уште полошо, го критикува вашиот изглед и отворено во јавноста.
Зошто некој друг да ви се обрати?
Не е важно колку ве презира, тој се уште не може да поднесе дека некој друг човек ве гледа бидејќи вие сте сепак негов трофеј.
Вие сте совршена и тој тоа го знае, но никогаш нема да признае. Ако се случи да му се јавите на некој бивши дечко додека сте со него, ќе бидете во неволја.
Вие никогаш нема да бидете слободна и ќе ви ги истече крилја затоа што, како што веќе знаете вие сте негов трофеј кој нема да го дели со никого.
Секогаш е добро да пуштите ваква особа да си оди, кој мисли дека врската е направена само за вие да му ги исполнувате неговите желби и да ви ја “пие” сета емоционална енергија.
Врската е целодневна работа во која двете лица се одговорни за нејзината долговечност.
Врската подразбира меѓусебна поддршка, прифаќање на разликите, компромис и се разбира – многу безусловна љубов а не себичност и се гледање еднострано.