Никако да се ослободиме од тој целулит ?!

Најдобри резултати во лекувањето на проблемот со дебелината и целулитот може да се постигне со комбинирање на неколку различни методи!
Прекумерната тежина е еден од водечките проблеми на современото време. Како епидемија расте во се поголеми размери. Според популација од дебелина страдаат најмногу луѓето во развиените земји.
Најчестите причини за “оваа болест” од една страна е нередовната и нездравата исхрана – брза храна и високо калорични оброци со заситени масти и јаглехидрати, премалку овошје и зеленчук богати со влакна, а од друга страна недоволна физичка активност, дневниот стрес, хормонални нарушувања и неизбежни генетски предиспозиции .
Освен што ја нарушува естетиката, дебелината го зголемува ризикот од разни болести – од ендокрини и кардиоваскуларни до малигни.
Според Светската здравствена организација, високиот крвен притисок и дијабетесот се 3-4 пати почеста кај дебелите луѓе.
Како резултат на зголемената телесна тежина кај 80% од жените се јавува целулитот. Она што охрабрува е фактот дека за секој изгубен килограм животот се продолжува за четири месеци.
За да го решиме проблемот треба да се подобри општата состојба на организмот, треба да се земе предвид она што го јадеме и кога јадеме. Тоа е правилната исхрана во одржувањето на клучните хормонски системи. Воспоставување на хормоналната рамнотежа. Докажано е дека со редовни оброци и правилен избор на храна го одржуваме оптимално нивото на инсулин во крвта и така го спречуваме дебелеењето.
Се препорачуваат пет дневни оброци, три големи и два меѓуоброци. Идеалено ќе биде меѓу одделни оброци да не поминат повеќе од два или три часа за да се спречи ненадејно секреција на инсулин во крвта, како еден од клучните хормони одговорни за формирање на масни наслаги.
Секој оброк треба да ги содржи сите хранливи материи (јаглехидрати, протеини и масти). Не е препорачливо да ги отфрлите одредените хранливи материи од храната и да јадете помалку рафинирана храна, особено оние кои содржат големи количини на шеќер и заситени масти. Со други зборови, треба да преферирате многу овошје и зеленчук, житарки, полесни меса, повеќе риба, чаша добро црвено вино, а од мастите користете растително масло добиено со ладно цедење (маслиново, тиква).
Избегнувајте премногу сол, бидејќи натриумот од солта задржува течност што се акумулира во меѓуклеточните простори и ја попречува циркулацијата и придонесува за создавање на целулитот .
Пиење многу течности го забрзува метаболизмот, ја поттикнува работата на бубрезите и овозможува презамање на вишокот течност, односно го одржува процесот на исфрлување на течноста. При Губење на тежината помагаат и специјални чајни мешавини кои го подобруваат метаболизмот и го чистат телото од отрови, отпадни материи и слободните радикали.