НУРКАЊЕ – НАВЛЕЗЕТЕ ВО ПОДВОДНИОТ СВЕТ

Летната сезона е пред нас, а овој преоден период најдобро е да се искористи за подготовки за сите активности со кои во лето може да се бавите, посебно ако сте почетници.
Една од нив сигурно е и нуркањето, митскиот спорт, односно активноста која од памти век не поврзува со непознатото, подморскиот свет.
Да се нурка не е лесно, доколку порано не сме се занимале со ова.
Потребно ни е многу знаење, пред се теоретско и практично, за да ги избегнеме сите опасности кои како на лаик можат да ни се случат.
Затоа, пред да отпочнете со оваа активност, изучете го пописот на сите школи за нуркање кои се наоѓаат на нашиот брег или на некој друг на кои би летувале, како искусните нуркачи би ве упатиле во сите тајни и убавини на нуркањето.
Опрема за нуркање
Еден од основните делови на опремата е маската ,која му обезбедува на нуркачот да гледа добро под морската површина.
Маската мора според големината да биде добро прилагодена кон лицето на нуркачот а постојат и маски за професионално нуркање кои во подполност го покриваат лицето на нуркачот а имаат и место за вградување на уред за комуникација помеѓу нуркачот и базната станица на морската површина.
Со маската во пакет доаѓа и дишалката. Се користи при нуркањето со маската и пераите.
Костимот за нуркање може да биде сув или воден.
Тој првенствено помага нуркачот што е можно подолго да се задржи под морската површина при долготрајни нуркања.
Водениот костим за нуркање дозволува водата да навлезе во костимот и откога ќе се затопли станува топлински изолатор, додека сувите нуркачки костими во подполност спречуваат навлегување на водата.
Сувите нуркачки костими најчесто можат и да се надуваат за да имаат дополнителен компензатор за пловноста.
За оваквите суви нукрачки костими, потребно е да се заврши дополнителен курс за нивна сигурна употреба.
Уште еден од важните делови на опремата се регулаторите кои го регулираат притисокот на воздухот од боците.
Првиот степен на регулаторот мора да го намали (редуцира) притисокот на 9 бари, а вториот степен сам се регулира и се прилагодува на притисокот на околината во која се наоѓа нуркачот.
Компензаторот на пловноста ја намалува потребата за работа со пераите затоа што содржи воздушен меур кои ја компензира разликата во пловноста со полнење и испуштање.
За да може воопшто да дишете под водата, незаобиколен дел од нуркачката опрема се боците кои служат за складирање и транспорт на воздухот под висок притисок.
Боците се полнат со воздух под притисок со помош на компресор.
Се складираат со гасот за вдишување под притисок помеѓу 10 и 20 бари и треба редовно да се контролираат и атестираат за да бидат сигурен дел од опремата.
Покрај боците ,нуркачите носат и тегови со кои ја олеснуваат силата на узгонот но и нож кои што им обезбедува сигурност под морето.
Нуркање на здив
Нуркањето на здив е еден од првите начини на нуркање, кога се нуркало за првенствено да се дојде до храна но се откривале и морските длабочини.
На морската површина мора да се земе здив и да се нурне во водата, но пред тоа треба да се направат неколку вдишувања за да се подготват и да се опуштат сите мускули на телото за да не се троши залудно кислородот.
Мускулите може да ѓи олабавиме и плутајќи на површината на водата, грбно. Потребно е да се внимава да при вдишувањето не дојде до хипервентилација затоа што таа може да го измами нуркачот дека во крвта има повеќе кислород, отколку што тој мисли па во морето може да дојде до несвестица.
Сем тоа, нуркачите на здив мора да внимаваат и на означувањето на местото на зануркувањето, за да се заштитат од бродовите и другите разни пловила кои може да се најдат во близината.
За нуркање на здив ви се потребни и маска и пераи но и костим од неопрен доколку одите на поголеми длабочини, за да ве заштити од ладната вода.
Сепак, на поголеми длабочини одат по искусните нуркачи ,кои најчесто се занимваат со подводен риболов или се натпреваруваат во нуркање на здив а не почетниците.
При занурнувањето, најдобро е да се користи замавот на рацете а под водата се држат до телото за да се губи што помалку енергија а со тоа и кислород.
Замавнувањето со пераите исто така треба да биде умерено.
Нуркање на отворено море
Нуркањето во сино преставува занурнување на отворено море, без визуелни ориентири кога нуркачите се ориентираат исклучиво према длабиномерот односно нуркачкиот сметач. Кога се нурка во сино се поставува фиксен коноп, сидрен коноп или декомпресиски плутачи, кои помагаат во сигурното изнурнување но во никој случај не смеат да се користат без надзор на инструктор за да не дојде до трагедија.
Доколку сте вљубени во нуркањето, може во школата за нуркање да го запишете и своето дете доколку наполнило десет години но само ако има овластен инструктор за деца.
Во некои земји е можно нуркање на лицата со инвалидитет што им овозможува да бидат физички активни и да уживаат во богатсвото на подморјето.
Лицата кои нуркаат и нивните блиски мора ги познаваат основите на давање на прва помош за да можат да помогнат во случај на несреќа додека унесреќениот не се превезе до медицинска установа или до барокомората.
Исто така од исклучителна важност е да се започне со нуркање после положениот испит кај овластен инструктор кои ќе ве предупреди и на некои законитости и правила на нуркањето за да не се доведете себе или други лица во опасност.
На посложени авантури,како што е нуркањето во ноќни услови или истражување на објекти под морето, може да се упатите само ако имате повеќегодишно искуство во нуркање и да имате партнер крај себе.
Не смеете да заборавите дека една од посигурните методи на нуркање е нуркањето во парови, како би можеле вие да помогнете на друг или како би можело вас да ви се помогне доколку е потребно.