Обновете го здравјето со витамините Б комплекс!

Постојат луѓе кои експериментирале со својата исхрана и додатоците во исхрана на тој начин што во одреден период ја зголемиле дозата на витамините во исхраната и целосно ја запреле конзумацијата на суплементи.
Не очекувале некои поголеми промени, бидејќи и пред тоа земале магнезиум, витамин Ц и мултивитамини, по потребна, но генерално без суплементи не биле откако почнале да се занимаваат со фитнес.
По неколку месеци без витамини како додатоци вовеле високо квалитетни Б комплекс витамини со повремено додавање на витамин Ц и многу брзо забележале промени.
Промените се манифестирале во однос на зголемување на енергијата, подобрување на варењето на храната, подобра толеранција на стрес.
Б комплексот се состои од цела низа на Б витамини и неговата влијание е сеопфатно.
Оваа група на витамини вклучува тиамин, рибофлавин, ниацин, Б-6, фолна киселина, Б12, пантотенска киселина, биотин и холин.
Витаминот Б е од суштинско значење за голем број на функции:
• Функција на нервниот систем
• Подобрување на метаболизмот и енергија
• Производството на желудочна киселина
• За здрава коса, кожа и нокти
Еве некои клучни и витални функции во организмот, особено во современиот живот.
Денес, животот во големите градови и работење до доцна не изложува на стрес повеќе од било кога.
Како и да го манифестираме тоа сепак стресот не погодува од повеќе агли (бучна средина, загадување, одење на работа, претренираност …), ние сме изложени на различни видови на стрес, но за нашето тело, стресот е стрес во било каква форма.
Поради ова многу луѓе имаат проблеми со варењето на храната, што доведува до пореметување во исхраната предизвикано од недоволното производство на желудочна киселина – а тоа пак води до исцрпеност и постојано чувство на замор.
На крајот на сето ова доаѓа со денешната храна која не е здрава како порано, имено, почвата е многу искористена и злоупотребувана да по количина на витамини и минерали е само сенка на она што била порано.
Ова дополнително го усложнува проблемот и фактот дека иако ги јадете најздравите видови храна непостои гаранција дека ќе внесете соодветни хранливи материи.
Ајде да се соочиме со фактот дека живееме во реалниот свет и не можеме цело време да јадеме најздрава храна.
Ова е доволна причина за да си помогнеме со витамин Б. Не велиме дека треба целосно да ја замени здравата исхрана, но во одредени фази од животот може да биде од голема помош.
Периоди кога ќе се чувствувате крајно исцрпени, кога сте под притисок, немате апетит и кога неможете да спиете се идеални периоди за Б витамин.
Не мора да се земаат секојдневно, доволно е неколку пати неделно или на друг начин секој втор ден.
Совети за земање витамин Б се:
• Секогаш земајте комплекси Б-50 и Б-100 бидејќи најдобро делуваат заедно
• Земете ги со храна
• Не земајте ги секојдневно
• Продолжете да ставате акцент на храна богата со витамин Б
• Земајте ги во утринските часови, за да може да дејствуваат на вашата енергија
• Купувај те од квалитетни производители
Фактот дека Б витамините имаат позитивни ефекти кај Алцхајмеровата болест, покажуваат дека сепак овие синтетички состојки некако се апсорбираат и се користат во телото.
Иако сите ние веруваме дека се најдобар извор на витамини од храната, поради неговата интеракција со други состојки, факт е дека во поглед на изложеноста на стрес и на квалитетот на почвата немаме многу среќа како што имале нашите предци.
Витамините во форма на додатоци не се лек за све, но може да помогнат малку, а таа мала помош од време на време ни е потребна.
Ние мора да бидеме свесни дека промени во животниот стил и брзината на животот едноставно бара помош во форма на суплементи за да бидеме во чекор со животот.