ОБРАТНО ВЕСЛАЊЕ – веслање со подигање на телото (REVERSE ROW/INVERTED ROW)

Мускули на кои вежбата примарно делува: среден грб, гради и задно рамо
Секундарни мускули кои учествуваат во изведувањето на вежбата: бицепс
Кога се извршува оваа вежба? – Во почетната фаза од тренингот за грб.
Легнете под шипка на Смитова машина прицврстена во висина малку поголема од должината на рацете од подот.
Земете ја шипката со натфат во ширина на вашите рамена (или малку пошироко од ширината ма рамената)
Висите под шипката така што телото треба да формира сосема права линија од глуждовите до рамена (тело формира права линија под агол од 45 степени во однос на подот).
Повлечете ги градите кон шипката и стиснете ги (соберете ги) лопатките, запре за момент и потоа спуштете го вашето тело додека рацете не ви бидат испружени.
За ова движење да се рачуна како едно повторување, морате со градите да ја допрете шипката.
Ако сакате вежбата да ја направите потешка тогаш петиците потпрете ги наместо на подот на друга клупа.
Во тој случај, главата треба да биде некаде на исто ниво со петиците (на пр. Во висината на клупата).
Ако не вака тогаш поставете ја шипката на соодветна висина.