Ова се најголемите измами во врска со губење на тежината

Поради тоа што дебелината е голем проблем на луѓето низ целиот свет, слабеењето и враќањето во нормална тежина стана хит и модерен начин на заработка.
Како и обично секогаш се наоѓаат луѓе кои наоѓаат начин да заработат на туѓа мака, така да и ова е еден од многуте начини на заработка – препарати за слабеење.
Така “нормално” станаа рекламите на телевизија, каде што пластични и полупластични глупости како уреди кои фитнес моделите од рекламите направија да изгледаат функционални, без публиката да земе во предвид дека истите претходно поминуваа саати и саати на тренинзи во фитнес центрите, совршена диета, скапи суплементи, итн ..
Сепак, меѓу сите овие измами, пет од нив се издвојуваат. Овие измами се оние нај грозоморните од сите и се обично губење на пари и време.
Одело за слабеење
Најтажната работа од се е дека се работи за многу присутна појава, која е ако се качите на вага изгледа функционално и ефективно, но само привремено.
Идејата на овие одела е дека личноста во текот на интензивна физичка активност да се затопли и да се спречи процесот на ладење на телото, овој процес сам по себе звучи прилично болно и нездраво.
Ова е вака бидејќи во суштина сето она што се постигнува е далеку поголема дехидрација / потење отколку што може да се постигне брзо по нормален тренингот и преку природната потреба од вода за пиење.
Крем за слабеење
Како фантастично звучи идејата дека дел од телото со помош на премачкување со крем со таен препарат, го топи салото веднаш!
Можеби тоа може да помогне во цртаните филмови, но во реалноста не.
Само во САД се запрени ваквите кампањи откако од страна на судовите било забрането а казните биле мултимилионски за лажење и манипулирање на јавноста.
Таблетки за слабеење
Уште една научна фантастична идеја од многуте. Толку добро звучеше што беше пречекана со голема реакција кај луѓето, но тие брзо сфатија дека ова е уште една типична измама.
Чаеви за слабеење
Сензационални и мистериозна имиња на чаеви за слабеење, најфалени дека содржат голем број на карактеристики кои едноставно не се и не може да бидат реални.
Во реалноста, чаевите можат само директно да влијаат на исфрлање на водата од телото, но не и да го поттикнат процесот на губење масти.
Фластери за слабеење
Како би можеле да се олупат килограмите? тоа би можело да се види само во крајно неморална рекламна кампања, во која се тврди дека со помош на револуционерната налепница може секоја недела да изгубите до два килограми.
На крајот, истата оваа компанија по објавувањето на пресудата требаше јавно да признае дека нивните тврдења се лажни.