ОСВЕЖИТЕЛЕН ШЕЈК ЗА ПОСЛЕ ТРЕНИНГ

Оваа комбинација на хранливи материи и вкус не само што ќе ве разбуди, исто така ќе ви послужи како совршено освежување по тренингот поради соиното млеко и електролитите кои ги содржи како и мноштво на витамини и минерали од овошјето.
Ако сакате можете да додадете половина банана како дополнителен поттик на енергија и хранливи материи!
Состојки:
• 100 мл соино млеко
• 50 мл цеден портокал
• 1 средно јаболко
• 5 гр цимет
• 10 гр протеин од сурутка (препорака: без вкус или со вкус на ванила)
• 10 гр ленено семе
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не згусне смесата.
Ставете една коцка мраз за да биде по освежително ова смути или оставете го во фрижидер преку ноќ и ќе добиете освежувачки појадок.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 152 kалории
Протеини: 26,5 гр
Масти: 4,7 гр
Јаглехидрати: 13 гр