Ослабете со храна во боја

Секоја пролет се појавуваат менијата и препарати кои треба да го олеснат процесот на губење на тежината. Но, често се борбата со тежината се решава и со глад или со неколку дневен внес на иста храна.
Дочекајте го летото задоволни и витки.
Постојат два подеднакво важни причини зошто дебелите луѓе сакаат да ја намалат на телесната тежина : здравствена причина- дебелината го промовира развојот на рак, кардиоваскуларни болести, тип II дијабетес, висок крвен притисок; и естетска причина – дебелите луѓе имаат ниска самодоверба, чувство на вина ги прогонува …
Така да лекарите кои работат во диетските и нутриционистичките советувалишта велат дека различни луѓе бараат совети за различни причини.
Од врвни спортисти, личности со сериозно лошо здравје, хируршки пациенти, деца со пречки во развојот, рекреативци, до постари лица.
Искуството од пракса потврдува дека што е посилен мотивот за држење на диета,толку луѓето се подоследни во истрајноста за држење на диетата. Воглавном е така со луѓе кои пристапуваат во промените во исхраната поради здравствени причини.
Кога диетата исклучиво еповрзана со концептот на естетика, тоа бара од лицата драстични промени во навикита, не ретко се случува овие луѓе да заклучат дека целиот процес на слабеење е исцрпувачки и премногу тежок за нив.
Затоа треба добро е да се информирате и кај многу средства и плановите за слабеење кои пазарот ги нуди да го пронајдете оној кој ќе даде задоволителни резултати, а при тоа да не се оптоварувате или на било кој начин да го загрозувате вашето здравјето.
За да диетата ви ги даде саканите резултати, потребно е да се постигне поголема енергетска потрошувачка на дневен внес.
Нискокалоричните производи се од суштинско значење, но потребата на витамини, минерали и други важни материи не треба да се намали во однос на осцилациите на калории. На пример, од дневната потреба за витамините Ц и Б се исти за возрасен маж, без оглед на тоа дали неговото мени содржи 2.500 или 3.500 калории на ден.
Во пракса во менијата се намалува и внесот на виталните компоненти и од ден на ден се повеќе се исцрпувате, така што по неколку недели, често се појавуваат знаци на раздразливост, замор, деконцентрација и нарушување на имунолошкиот систем.
Телото реагира “заштитнички” и престанува со топење на килограмите, додека вие сте разочарани и исцрпени и повторно се враќате на старите навики, кои доведоа до појавата на дебелината.
Заклучуваме дека гладот не е начин на топење на телесната маса и селективните диети што исклучуваат цели групи на храна може да бидат опасни.
Во согласност со ова ‘најдобра диета’ е на нутриционистката Оља Мартиниќ е корекција на маса која се карактеризира со умерено јадење.
Деновите во оваа диета се означени со боите на храната која преовладува во нив и му дава на целата приказна и забавен “тип”. Ќе почнаме со три дена во три бои – бела, зелена и жолта боја ….
Бел ден
Појадок:
Бело фрапе:
– 2 мл обезмастено млеко
– 2 банани
Ручек:
– Крем супа од печурки
Во малку масло прпоржете половина кромид, неколку лук чиња и 12 гр на печурки. Кога смесата ќе поцрвени, се прелива со вода (околу 3 дл), додавате сол, бибер и варете го 15 минути. Ќе добиете густа супа, во неа додавате маслиново масло и магдонос.
– Мисиркин стек (скара) – околу 15 гр
– Пржен карфиол – 20 гр
– 1 парче леб
Вечера :
– Тестенини со сирење
Сварете плоснати тестенини, исцедете ги и добро измешајте ги во тава во која претходно сте стопиле путер. Изрендај те околу 12 гр сирење – два или три вида на сирење (може овчо, козјо, кравјо и соино сирење …)
Во текот на денот, изедете неколку индиски ореви и една банана.
Зелен ден
Појадок:
– 1 парче ‘ржан леб
– Намаз од зелени маслинки (1 лажица)
– Зелениот чај
Ручек :
– Супа од брокули(15 гр броколи)
– Помал црвен кромид
– Неколку лукчиња
– Магдонос, сол и црн пипер
– Крем на ваш избор (0,5 дл)
– Сарми од кељ (1 голема или 2 мали)
– Ржен леб
Вечера :
– Зелен тестенини во сос од морски плодови
– Салата од рукола
Варените зелени тестенини, се мешаат со морските плодови. Неколку школки, неколку ракчиња, итн (по желба може да биде и замрзната морска храна но измешани) испржете во масло каде што треба претходно да се испржи магдонос и лук.
Прелијте со супа а доколку се свежи прелијте ги со сопствениот сос и додадете мешавина од медитерански зачини и децилитар црвено вино.
Морските плодови додадете ги во тестенините, и сево ова добро измешајте го.
Во текот на денот изедете неколку зелени јаболка.
Жолт ден
Појадок:
Жолто фрапе :
– 2 дцл млеко од соја и 5-8 парчиња суви кајсии
Ручек:
– Крем супа од тиква
– Рижото со шафран и телешко
12 гр меко телешко месо нежно пржете го на кромид, моркови и други зачини по вкус. Кога ќе омекне додадете ориз и пакетче шафран. Оризот треба да биде крцкав.
Вечера :
– Омлет од жолта пиперка
На многу малку масло испржете ги големите жолти пиперки со половинка на црвена пиперка. Пенливо изматете ги јајцата и додадете ги во пиперките, додадете бибер и сол .