Ослободете се од стресот !! Совети кои го намалуваат стресот

За жал, стресот е дел од нашиот секојдневен живот.
Наместо да се навикнете на него или уште полошо, да го игнорирате и да дозволите да се таложи во вашиот организам, еве некои совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од него засекогаш.
Имагинација
Еден од најуспешните методи за намалување на стресот е имагинација.
Кога не гледате излез од проблемите, затворете ги очите, релаксирајте се и да отпатувајте некаде далеку во Дубаи, на Малдивите или дестинација од вашите соништа.
Овој вид на преживување на стрес може да ви помогне да се опуштите и порационално да размислувате, но проблемите нема да ги решите.
Прошетка
Пешачењето е уште еден одличен начин за да се опуштите и да го намалите натрупаниот стрес за да може вашиот мозок подобро да функционира за да може полесно да се справите со проблемите.
Прошетката има многу позитивен ефект врз здравјето а може да ви помогне да ги намалите и калориите.
Најдете си хоби
Во своето слободно време наместо да се нервирате поради работата или проблемите, пронајдете си хоби или занимација за да ве расположи и да ве ослободи од стресот.
Намалете го кафето
Со кафе сигурно се будите наутрото и сигурно многу ви годи, но докажано е дека кафето го зголемува нивото на стрес.
Обидете се да го намалите внесувањето на кафе, бидејќи прекумерната доза на кафе може да доведе до сериозни проблеми.
Одморете се
Спиењето и одморот се сојузници во борбата против стресот и напнатоста.
Минимум од 6-8 часа спиење ќе има значително влијание врз вашето здравје, расположението и метаболизмот. Колку повеќе себ трошите толку повеќе на телото му треба одмор.
Топла купка
Топла бања е секако многу пријатен начин да заборавите за сите проблеми.
Посветете си половина час на ден сам на себе и уживајте во бањата, далеку од сите проблеми. Ова ќе ви помогне да бидете подготвени за нови предизвици.
Orce Serafimovski liked this on Facebook.
Dijana Miovska liked this on Facebook.
Jelena Petkovic liked this on Facebook.