Откажување од пушењето не мора да предизвика дебелеење!

Сакате да се откажете од пушењето? Ние ви нудиме начин како оваа одлука да не се одрази на вашето тело!
Постојат многу причини за да се откажете од цигарите; заради вашето здравје,семејството, работата,новиот автомобил .. Тогаш што чекате ?!
За почеток одредете ден на вашиот календар, а за да си го олесните процесот на одвикнување, ние ве советуваме да ја прочитате книгата “Можете да престанете со пушењето”, од prim.dr.soc. Невенка Блажиќ – Чоп и д-р. Вељко Ѓорѓевиќ.
Не дозволувајте да ве измами чуството дека цигарата ве смирува, дека ја одржува витка линијата, дава чувство на задоволство, го подобрува расположението … Цигарите се штетни !
Дали сеуште не ве уверивме? Се плашите за вашиот изглед?! Не знаете што да правите со вашите раце?!
Се плашите дека ќе посегнете по обилна количина на храна, додека вашата линија од ден во ден ќе се влоши. Тоа е сурова вистина.
Но, ако се грижите за рехабилитација на белите дробови, ние ќе ви помогнеме да ја задржите истата тежина. Избравме пет чекори на патот кон вашиот успехот, одвикнување од пушењето, без стекнување на тежина!
1.Чекор :
Земете шише маслиново масло. Кога не би имало ризик од рак на белите дробови, цигарите би биле идеална алатка за губење на тежината, бидејќи тие го забавуваат минувањето на храната низ желудникот.
А тоа ви дава чувство на ситост.
Откако ќе престанат со пушењето, вашиот стомак ќе се вклучи со висока брзина – и постојано сте гладни!
Совет: Пред оброк, испијте две лажици маслиново масло. Маслиновото масло покрај забавување на работата на вашиот желудник, го поттикнува лачењето на хормонот кој го намалува апетитот. Што е финтата?!
Маслото треба да биде концентрирано за да делува. Ако ви пречи непријатниот вкус во устата, истурете го на парче леб.
2.Чекор :
Пијте помалку кафе. Што било во прв план претходно: кафе и цигари! Кој знае! Факт е дека цигарите го успоруваат варењето на кофеинот.
Па кога ќе се откажете од пушењето, кофеинот подолго ќе кружи во вашето тело. Ова значи дека тоа ќе биде доволно да се земе една чаша кафе наместо претходните четири.
Но поради ненадејниот недостаток на кофеин може да чувствувате апатија, напнатост, нервоза, а телото ќе сакате да се “утеши” со дополнителна храна.
Совет : Пијте половина од количината на кафе од порано што сте конзумирале. Еден од клучните совети во запирање на пушењето е да се намали количината на кофеин.
За среќа и за вас, вкусот на кафето без цигара не е веќе ист.
Помала потреба за кафе и ви се намалува искушението за пушење.
И да почнете да размислувате за тоа како да најдете замена за кафе и цигари. Тоа не е лесно, но со силна волја, сè е можно !!
3.Чекор :
Посетете го вашиот доктор. На прв поглед, храната и цигарите немаат ништо заедничко.
Сепак имаат: цигарите и тестенините ја зголемуваат концентрацијата на допамин, супстанца која се излачува за време на нивното конзумирање.
Прекинувањето од пушење ќе предизвика уште поголема желба за храна.
Совет: Бупропион, лек со антидепресивно и анти-пушачко дејство, помага да се зголеми концентрацијата на допамин во телото.
Во една студија која го следеше развојот за една година за добивање на тежината на поранешни пушачи кои користеле бупропион, тежината во просек се зголеми за 4 килограми помалку од оние кои добивале плацебо.
4.Чекор :
Грижете се за вашите мускули. Постои прилично едноставна причина зошто луѓето со цигара во раката делуваат среќно – зависници се !
Никотинот делува како забрзување (акцелератор) на варењето. Што значи дека вашето тело унапред ги троши калориите.
Во една неодамнешна студија во САД се докажа дека кај пушачите во мирување се трошат калории 3,6% побрзо, додека во физичка активност и за 6,3% побрзо отколку кај непушачите.
И кога ќе престанете да пушите, одговорот ви е на дланка: На телото му треба помалку калории и троши помалку калории!
Совет: Треба да се вежба повеќе. Студиите, всушност, покажа дека зајакнувањето на мускулите го ресетира вашиот метаболизам на повисоко ниво од оној што сте го имале кога сте биле пушач.
Исто така и други студии докажаа дека фитнес три пати неделно веќе по 12 недели го зголемува вашето варење за 7%.
5.Чекор :
Џвакајте но не храна. Веројатно веќе ви советувале никотински фластери, кои воопшто не се лоша идеја.
Но фластерите не го намалуваат апетитот. Освен ако не го залепите на уста.
Одлична делуваат како превенција од повторно посегнување по цигара, но не ве штитат од зголемување на телесната тежина.
Совет: Џвакајте никотински гуми за џвакање. Тие претставуваат најдобар орален надоместок за храна.