Отсекогаш во мода: Црвен лак на ноктите!

Кога ќе помислите на лак за нокти, која бојата прво ви се врти во глава?
Сигурно црвената!
Класика која никогаш не ја изгуби својата магија – црвениот лак за нокти, тој секако е еден од најпродаваните козметички производи на сите времиња.
Значењето на црвениот лак за нокти
На кратко: Вие сте свежи, сигурни и не се плашите да внесете драма во вашиот живот и животот на другите луѓе.
Црвениот лак е персонификација на внатрешната сила на жената но и на нејзината страсност и сексуалност.
Историја
Црвениот лак за нокти е еден од оние безвременски модни детали. Ноктите први почнале да ги бојат старите кинези уште во 3.000 година п.н.е.
Смесата што тие ја користеле се состоела од восок, желатин и белки од јајца. Кинезите во оваа смеса додавале и ливчиња од рози и орхидеи за посебен сјај.
Во древниот Египет, моќните жени го користат црвениот лак за нокти. Кралицата Нефертити користела рубин црвена боја за ноктите на рацете и нозете, а Клеопатра ноктите често ги бојадисувала во црвеникави бои.
Особено е интересно дека на жените од ниските сталежи им било забрането да користат темно црвени нијанси на боја. За нив биле дозволени само многу светли бои.
Познато е дека освен црниот и црвениот лак во 15-от век го користеле само членовите на кинеската династијата Минг.
Модерниот лак за нокти е измислен во “20-тите години на минатиот век. Во овој период компанијата Чарлс Ревсон се претвори во Ревлон (Revlon) додадоа Л поради косопственост на Чарлс Лахман.
Денес е еден од најзначајните производители на светот за лак за нокти, компанијата Ревлон својот прв црвен лак го стави на полиците во 1932 година.
До 1940 година, долгите црвени нокти станаа многу популарни благодарение на ѕвездите на Холивуд, пин-ап девојките, но особено актерките.
Од тогаш па до денес, црвениот лак е секогаш во мода, независно дали на долги или кратки нокти.
Која нијанса да ја изберете?
Палетата на црвени бои кои може да ги изберете за вашите нокти е бесконечна: од светла, средна или темно црвена боја па се до кафеаво црвена нијанса.
За да покажете веселост и безгрижност, обидете се со посветли нијанси. За повеќе мистериозен и смел изглед употребете потемни. Средно темно црвена нијанса по правило се врзуваат за заводничка.
Можете да користите крваво портокалова боја на крај на пролетта и почетокот на летото. За есен и зима, бирајте помат црвена боја, без портокалови нијанси.
Ако одите на кафе со пријателите, добар избор ќе биде потемно црвен лак со блага нијанса на виолетова.
Црвениот лак за нокти изгледа одлично и на светла и на темна кожа.
Посветли нијанси на црвена боја ќе изгледаат одлично на девојки со потемна боја на кожата и јако-црвени ќе изгледаат најдобро на девојки со светол тен.
Ако вашата кожа има црвеникава нијанса, обидете се со портокалов лак.
Совети
Црвениот лак е храбар, секси и класика. Што може да изгледа по секси од црвен лак на прстите на рацете и нозете?
Црвениот лак изгледа најдобро на ноктите со средна должина (освен ако не сакате да постигнете “femme fatale” изглед тогаш ниеден нокт нема да биде премногу долг).
Испробајте ги различните нијанси на црвена боја, од крв црвена до многу темно црвена или дури и портокалова нијанса. Со текот на времето ќе најдете кои нијанси најдобро одговараат за вас.
Ако сами себе се лакирате, задолжително претходно темелно исчистете ги ноктите од предходниот лак и бидете сигурни дека вашите нокти се целосно чисти.
Црвениот лак за нокти ќе ги обои вашите природни нокти. Затоа, секогаш пред да ставите црвен лак намачкајте ги ноктите со безбојна подлога за црвениот лак да не ви остави флеки на вашите природни нокти.