ПАПАЈА ШЕЈК СО ПРОТЕИН ОД СУРУТКА

Потребните состојки за папаја шејк со протеин од сурутка (1 доза):
2 лажици протеин од сурутка со вкус по избор
1 шоља исецкана папаја
½ праска
½ круша
малку ѓумбир
10 гр ленено семе
неколку листови нане
200 мл соино или бадемово млеко
Подготовка:
Сите состојки вметнете ги во блендер и добро измиксајте. Овој енергичен и витамински шејк можете да го пиете веднаш после напорниот тренинг.
Хранлива вредност:
Калории: 259 кцал
Протеини 18 гр
Јаглехидрати 38 гр
Шеќер 28 гр
Влакна 10 гр
Масти 5 гр .