Пливање – одличен тренинг!

Сите знаат дека пливањето е одличен тренинг, било да е пливање во базен, море, езеро или река. И во текот на зимата, пливањето е актуелен спорт без оглед на студеното време. Со пливањето го развивате целото тело, затоа…. без изговори, започнете веднаш!
Особено голема е ползата од пливањето за срцето, бидејќи по време на оваа физичка активност се подобрува апсорбцијата на кислород од страна на организмот. Пливањето позитивно делува и на самодовербата, среќата и расположението.
Но видете какви уште ползи за здравјето и убавината на телото можете да извлечете од овој воден спорт.
Обликување на рамениците и рацете – ова е особено важно за жените, бидејќи со тек на време тонусот на рацете попушта, па не изгледа воопшто пријатно и убаво опуштена кожа кога сте облечени во облека без ракави.
Оформување на половината – пливањето е најдобрата вежба за оформување на половината. Ако вашата цел е да намалите килограми, пливањето е вистинскиот избор, бидејќи за еден час согорувате исто толку калории како трчање 10 километри за истото време.
Затегање на задникот – додека пливате можеби нема да забележите дека ги активирате бедрените мускули и глутеусот. Резултатот ќе го забележите покасно, кога ќе облечете нешто припиено за телото.
Обликот на нозете – со пливање ќе постигнете добро оформени и стројни нозе. Вежбите во вода се особено полезни за луѓето со проширени вени.
Без оглед на времето надвор, вие и во текот на зимата можете да пливате, посетете некој од локалните базени и уживајте во пливањето.
Јадете пред се овошје и зеленчук и многу пливајте.
Придржувајќи се на ваков режим, нема да ве препознаат кога ќе се вратите! Исто така ви овозможува опуштање на телото и грбот.
Оваа пријатна спортска активност може умерено да ја реализираме без болки и задишеност па и тогаш кога пред активноста имало мирување, што не е случај со пешачењето.
Како и сите спортови на издржливост, пливањето ни донесува вистинско опуштање, водата влијае на намалување на напнатоста.
А ова посебно го ценат оние на кои грбните мускули им се згрчени и полни со јазли поради напнатоста и стресот.
Ако и вие, како оние осум од десет лица патите од болки во грбот, откажете се од градното пливање (посебно ако пливате со главата над водата), затоа што оваа положба ги зголемува болките во вратниот дел од кичмата.
Одберете го грбниот стил, кои нема да ви го оптеретува вратот, ако само добро го испружите телото и гледате во таванот или во небото.
Во случај на упорни болки во грбот најдобро е да ги испружите рацете долж телото и пливајте само со нозете за да не ги зголемите ударите по долниот дел на кичмата и така да предизвикате болки.
Уште една предност на овој спорт : пливањето навистина ги вклучува во работа грбните мускули.
Колку се тие подобро обликувани помалку патиме од болки…
Во слични спортови спаѓаат и вежбите за истегнување и пилатес вежбите под оптеретување.
Опрема за вас
Удобни наочари за пливање. Обликувани за сите типови на лица, одлично лежат на лицето не го озледуваат носот затоа што се направени во облик на буквата x и имаат растегливи ременчиња.