Подгответе ваши протеински плочки !

Научете како сами да си подготвите свои протеински плочки и ќе добиете квалитетен оброк за само мал дел од трошоците за купени протеински барови и тоа без глицерин, конзерванси и шеќер.
Ова се домашни, нискокалорични плочки.
Состојки :
-3 и 1/2 чаши (650 гр) овесни снегулки
-1 и 1/2 чаши (300 гр) млеко во прав
-4 лажици (40 гр) протеин во прав со вкус на чоколадо или ванила
-1 супена лажица јаворов сируп без шеќер
-2 изматени белки од јајце
-1/4 чаша (50 мл) сок од портокал
-1 кафена лажичка ванила
-1/4 чаша (50 мл) природен сок од јаболко
Начин на подготвување:
1. Загрејте ја рерната на 160 степени и намачкајте ја тавата за печење (22×30 cm).
2. Измешајте ги овесните снегулки, млекото во прав и протеинот во прав во сад.
3. Во посебен сад, изматете ги белките, сокот од портокал, сокот од јаболко и ванилата и јаворовиот сируп.
4. Течна смеса додадете ја во сувата смеса и добро измешај те. Смесата треба да биде густа и слична како тесто за колачи.
5. Истурете ја смесата во тавата за печење и печете ги додека рабовите не станат крцкави и кафеави.
6. Исечете 10 плочки ( барови ) и ставете ги во вакумиран сад или замрзнувач.
Нека отстојат окулу 30 минути. Со малку природен путер од кикирики и еден протеински шејк ќе добиете избалансиран и квалитетот оброк.
Време потребно за подготовка: 20 минути
Хранливи вредности по плочка: 157 калории, 23 гр јаглехидрати, 15 гр протеини, 5 гр маст, 4 гр влакна.
Совети:
Доколку сакате посочни плочки со додадете 1/2 чаша природен сок од јаболко.
Можете да додадете јаткасти плодови по желба, но така ќе го зголемите внесот на калории.