Подигнување на нозете висечки (HANGING LEG RAISE)

Примарни мускули кои учествуваат во изведување на вежбата: долните стомачни мускули.
Секундарни мускули кои делуваат во изведување на вежбата: страничните стомачни мускули, мускулите на квадрицепсите.
Фатете ја шипката за згибови со натфат во ширина на рамената и опуштете го телото да виси вертикално во однос на подот како што е прикажано на сликата.
И двете колена кренете ги кон градите. Бидете сигурни дека колената при дигање да бидат споени а не раширени.
Полека спуштете ги нозете во почетната позиција без лулање.
За да го максимизирате мускулниот напор кравајте ги нозете колку што е можно погоре и при кревање на нозете и карлицата за да постигнете поголема контракција во долниот дел на стомакот.