ПОДИГНУВАЊЕ НА ТЕЛОТО НА СТРАНА НА КОСА КЛУПА (TWISTING SIT-UP)

Примарни мускули кои делуваат во изведување на вежбата: стомачните мускули, страничните стомачни мускули
Секундарни мускули кои делуваат во изведување на вежбата: страничните градни мускули, мускулуте на колковите
Седнете на коса клупа, ставете ги стапалата под држачите за нозе, навалете се наназад (така да телото да ви биде во однос на клупата под 90 степени), рацете ставете ги зад главата (никако не ги прекрстувајте напред на градите).
Лесно подигнете го трупот кон колена, но така да го свиткате на една страна.
Значи, кога ќе се кревате нагоре, ротирајте го вашето торзо на страна, така што десниот лакт да го усмерите кон левото колено.
Потоа полека вратете се во почетната положба и во текот на следното повторување ротирајте го торзото при кревање така да го усмерите левиот лакт кон десното колено.
При изведување на вежбата, торзото се спушта до ниво додека не стане паралелно со подот бидејќи нема никаква корист да го спуштате торзото подолу со обзир на тоа дека напнатоста преминува од стомачните мускули на долниот грб.