Позиција на рацете и диференцијалните ефекти кај потисок на клупа (BENCH PRESS)

Потисок на клупа или BENCH PRESS е една од омилените вежби на сите оние кои редовно посетуваат теретана.
Покрај традиционалните склекови, оваа вежба е одлична за вежбање на горниот дел од телото (градите, рамената и рацете).
Постојат различни начини на правење на оваа вежба, која опфаќа неколку мускулни групи, во зависност од положбата на рацете, лактите и движењата.
Позиција на лактите во однос на телото, кога шипката ви е најблиску е еден од начините за да го менувате стресниот фактор или поточно каде сакате да го пренесете напорот.
Во оваа вежба се ангажирани голем број мускули, како мускулите на градите, трицепсите и рамената (делтоидните мускули). Движењата се состојат од суштински движење на лактите, хоризонтална аддукција и флексија во рамената.
Овде ние ви ги опишуваме трите позиции на лактите во однос на телото и нивните ефекти, кои ги имаат во самата вежбата.
– Позиција А
Со лактите позиционирани под 90 степени во однос на телото во рамениот зглоб се изведува движење наречено хоризонтална аддукција и минимална флексија.
Мускулите на градите се најмногу оптоварени и притисокот во рамената е минимален.
Но треба да знаете дека ако раце се подалеку од телото, така поголем е притисокот што се создава во рамената, односно во зглобната капсула на рамото.
– Позиција Б
Ако лактите се прилепени уз телото, толку е помало оптоварувањето на мускулите на градите.
Движењата на рамената се менуваат од хоризонталната адукција во флексија, што го вклучува мускулот на рамото односно предната глава. Во оваа позиција голема улога игра трицепсот.
– Позиција В
Лактите поставени на 45 степени во однос на телото, го обезбедуваат саканиот баланс помеѓу активирање на сите мускули, каде што исто така се намалува притисокот во рамениците.
Оваа позиција на рацете е идеална за развој на мускулите и силата.