ПОРТОКАЛОВО СМУТИ

Портокалите се одличен извор на витамин Ц. Во комбинација со банана ќе добиете густ и вкусен пијалак за будење наутро или како меѓу оброк во средина на еден долг работен ден.
Состојки (3 дл) :
• 30 гр PRO WHEY SHAKE 700 gr протеин од сурутка со вкус на ванила
• 150 гр портокал (1 средна големина)
• 50 гр банани (1/2 средна банана)
• 1 дл млеко 0,5 масленост
• 0,5 дл вода
• 4 коцки мраз
Подготовка :
Излупениот портокал се миксира во блендер, потоа се додаваат останатите состојки. За декорација можете да нарендате кора од портокал.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 237 kалории
Протеини: 23 гр
Масти: 3 гр
Јаглехидрати: 32 гр
Влакна: 4 гр