ПОТИСОК СО ТЕГОВИ ЛЕЖЕЈЌИ НА РАМНА КЛУПА (FLAT BENCH DUMBBELL PRESS)

Мускулите на кои вежбата примарно делува: средни пекторални мускули (middle pectoralis major)
Секундарни мускулите кои учествуваат во извршување на вежбата: предниот делтоиден мускул (anterior deltoid), трицепс
Кога да ја правите оваа вежба? – На почетокот на тренингот на мускулите на градите.
Легнете на грб на рамна клупа и во секоја рака земете по еден тег (така што дланките свртени нанапред а не една кон друга) кои во почетна положба се на ниво со градите.
Испружете ги рацете над градите се додека лактовите не се целосно испружени.
Потоа спуштајте ги теговите надолу додека не ги вратите повторно на ниво на градите т.е додека не ги допрете.
Во текот на движењето лактите ги држите свртени кон надвор.
Што теговите пониско ги спуштате до завршната фаза на вежбата, толку повеќе ќе се растегнуваат пекторалните мускули но во тој случај се зголемува ризикот од повреда на рамото, па затоа се препорачува да ги спуштате теговите само до ниво на градите.
Користа од оваа вежба ќе биде максимална ако теговите ги држите така што дланките во почетната позиција да гледаат кон напред, а не еден кон друг и во тек на кревање на теговите да ги ротирате теговите а со тоа и дланките, така што во крајната положба т.е на крајот на дланките да се свртени една кон друга.
Во текот на вршењето на вежбате торзото, рамениците и задникот мора да бидат наслонети т.е да ја допираат клупата.
Слика 1; Слика 2.