ПОТПОМОГНАТ ЗГИБ (ASSISTED PULLUPS)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Грбни мускули (горниот дел)
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена
Кога да ја правите оваа вежба? – Во првичната фаза од тренингот на грб.
Завземете положба на машината (како што е прикажано на сликата) и прилагодете го отпорот на машината, така што ќе можете правилно да ја извршите вежбата од почеток до крај.
Со натфат се фаќате за држачите со зафат од околу 80 см (дланките свртени нанапред).
Целосно испружте ги лактите така што вашето тело слободно да виси.
Колената се потпрени на предвидениот дел од машината или наместо тоа можете да заземете стоечка положба на машината како што е прикажано на првата слика.
Подигнете се со рацете нагоре, виткајќи ги раце во лактите и рамената се додека со брадата не го достигне нивото повисоко од нивото на рацете.
Во оваа позиција испружете се што е можно повеќе и затегнете го грбот. Полека спуштете се до стартната позиција.
Се разбира, наместо да правите потпомогнати згибови сами на машината секогаш можете да побарате од некој да ви помогне да ги правите на вратило Држејќи ве за нозе.