Почина боксерската легенда Мухамед Али!

Легендата на боксот Мухамед Али почина на 74-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Али е поранешниот боксерски првак на светот во тешка категорија. Роден како Касиус Клеј, во 1975 година го смени своето име во Мухамед Али.
Тој 31 година се бореше со Паркинсоновата болест.
Тој почина во болница во Феникс, Аризона, САД, каде беше од почетокот на неделата поради респираторни проблеми.
Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Луивил, Кентаки во среда, а за денеска е најавена меморијална служба.