Појадок во чаша

СОСТОЈКИ
• 10 гр Овес
• 10 гр Бадеми
• 50 гр Јагоди
• 1 средна Банана
• 100 мл нискокалоричен Јогурт (0,9 – 1,6 мм)
• 100 мл нискокалорично Млеко (0,9 – 1,6 мм)
ОПИС
Ако сте цело време во брзање, овој појадок е измислен за вас. Многу хранливи состојки во една чаша.
• Овес
Овесот содржи специјални влакна кои ефикасно го намалуваат нивото на холестерол.
Исто така, може да го регулира и шеќерот во крвта и да ја спречи појавата на тип 2 дијабетес.
Знаете ли дека овесот се користи како природно решение против чешање?
• Јагоди
Овие мали благи овошки се богати со феноли кои го штитат срцето, се борат против ракот и против воспаленија.
Тие имаат богат вкус и можат да се комбинираат со многу различни вкусови, што ги прави совршена состојка за секое смути.
Измијте ги убаво, исечете ги зелените ливчиња пред да ги додадете во смутито.
• Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата.
Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 23,8 kалории
Протеини: 10 гр
Масти: 8 гр
Јаглехидрати: 31 гр.