Прва помош за испукани усни

Иако ова повеќе важи за ладните денови, усните знаат често да бидат суви, груби, а на некои места може да испука и кожата.
Мачкајте ги со мелем или балсам од природни состојки.
Постојат методи за длабока хидратација со помош на хијалуронска киселина, која може да ги потхрани испуканите усни.
Кармин е лошо решение
Прикривање на суви усни со кармин или сјај е лош потег бидејќи мешавина на кармин во комбинација со сувтаа кожа на усните, не изгледа убаво.
Сите балсами не ги хидратизираат усните, туку ја сушат слузницата и предизвикуваат појава на слој кој ги спречува усни да апсорбираат влага.
Најлош избор се мелеми со ментол. Бирајте природни производи со неутрален вкус.
Не ги лижите и не ги грицкај те усните
Испуканите усни може да бидат болни и крвави.
Многу погрешно мислат дека со лижење на усните тие се навлажнуваат и хидратизираат, но тоа не е добро решение.
Добар избор би бил усните да ги мачкате со неколку капки масло од сусам.
И краставиците може да помогнат, така што со исечените кругови ќе ги триете вашите усни.
Внатрешна хидратација
Усните имаат корист и од течностите кои ги внесувате во телото.
Пијте многу вода, да му обезбедите на вашето тело доволно витамини Б, железо и есенцијални масни киселини.
Пилинг
Не кинете ја исушената кожа од усните. Наместо тоа, направите пилинг од шеќер и вода.
Втријте ја нежно смесата додека усните не станат меки и нежни.