ПРВИТЕ ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА БОДИБИЛДИНГОТ

Спротивно на добро познатата поговорка, сите патишта не треба да водат кон Рим – барем што се однесува до почетоците на науката, уметноста и спортот – но може во антички Египет.
Таму може да се пронајдат многу сведоштва од овие области на човековата активност, каде што бодибилдингот почнал да се појавува како форма на кревање тежина и различни товари.
ПРВИТЕ ДОКАЗИ ВО ЕГИПЕТ
Најстарите историски докази се пронајдени на ѕидот на една пештера во антички Египет и сведочат дека изградбата на човековото тела била преокупација од древните времиња.
Таму се наоѓаат цртежи од 2000 години п.н.е кои покажуваат луѓе кои со една рака креваат тежини во облик на круша.
ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ НА АНТИЧКИТЕ СПОРТИСТИ
Сепак првите точни записи за тренинг со тегови се пронајдени кај древните Грци, кои на тренингот му пристапувале многу професионално.
Иако телесна градба на атлет од тоа време одговарала на потребите на одредени спортски дисциплини јасно е дека такви силни и масивни тела резултат на долгогодишно вежбање со тежини и правилна исхрана богата со протеини.
Некој вид претходник на модерниот бодибилдинг натпревар постоел во форма на натпревар во физичката убавина, сила и дисциплина.
Значи за Панатенеја најголемиот празник во чест на божицата Атена, во истоимениот град имало натпревар за убавина на мажите.
Победувале најубавите и најсилните спортисти – тоа само докажува дека култот за изградба на убаво тело бил добро развиен.
МУСКУЛЕСТО ТЕЛО КАКО ИДЕАЛ
Бодибилдингот од своите почетоци непрекидно еволуираше за на крајот на 19ти и во текот на 20тиот век полека почна да ги преземе карактеристиките по кој можеме да го признаеме денес.
Тогаш се појави различен интерес за развојот на мускулите, значи оној кој не беше во функција за борба за опстанок и борба, имаше тенденција да изгледа како античките спортисти.