Првото утринско кафе не се пие на празен стомак!

Несомнено е дека пиењето кафе е многу здрава навика, која во прилог на сите други добри работи што се поврзани со неа, директно влијае на човечкото тело преку низа на бенефиции.
Сепак, омилениот топол пијалок не треба да се пие на празен стомак, особено не во утринските часови.
Пиење црно кафе на празен стомак води до ослободување на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт.
Оние кои страдаат од гастритис, добро знаат каков е ефектот на споменатиот процес.
На кратко, киселината што ја предизвикува утринското кафе пред појадокот делува тегобно на стомакот и предизвикува проблеми со варењето на храната, на начин што го прави помалку тешко варењето на протеините.
Кога протеините не се доволно разложени, тоа води до проблеми како што се надуеност, воспаление на цревата, иритација а во ретки случаи и до рак на дебелото црево.
Поради сите овие причини, многу експерти предупредуваат дека кафе не треба да пиете наутро веднаш по будењето, никако на празен стомак што значи прто треба да појадувате а потоа да пиете кафе.
Покрај сиве овие информации, пиење кафе веднаш по будењето го зголемува нивото на кортизол во крвта, познат како хормон на стресот а на телото му треба многу повеќе време да се врати во нормала.
Поради сите овие причини, се препорачува темпирањето на омилениот “утрински ритуал” да биде околу еден час по будењето, бидејќи до тогаш нивото на кортизол по природната секреција се враќа на нормално нивоа а поминува и доволно време за да каснете најмалку едно парче леб и да го подготвите стомакот и желудникот за вашето прво утринско кафе 🙂