Превенција од канцерогени заболувања

Имуностимуланси за превенција од малигни мутации
Клетките на ракот се јавуваат кога нормалните клетки на телото претрпуваат мутации и стануваат малигни, неограничено се размножуваат.
Малигните клетки се јавуваат секојдневно во нашите тела, но организмот успешно се бори против нив.
Таквите клетки ги препознава имунолошкиот систем, ги обележува и ги уништува.
Особено важна улога во овој процес имаат ќелиите – наречени Природни убијци (natural killer).
Ако имунолошкиот систем е ослабен или ако организмот е изложен на зголеменото влијание на штетни супстанции, хемикалии, зрачење може да се случи одбранбените ќелии да не успеат да ги уништат сите малигни трансформирани клетки.
Во овој случај, се создаваат услови за развој на рак.
Кнацерогена клетка
Канцерогеното ткивото води посебен живот во однос на другите органи во телото, им ги троши нивните хранливи материи, ги исцедува крвните садови, расте и ги турка другите органи и ја пореметува нивната нормална работа.
Ако ракот метастазира, односно се прошири и во другите далечни системи на органите доаѓа до систематска опструкција, каде што шансите за закрепнување значително се намалуваат.
Малигните клетки се јавуваат секојдневно во нашите тела и секојдневно организмот ги уништува.
Во услови на зголемен стрес, изложеноста на зрачење, штетни супстанции, хемикалии доаѓа до ослабуввање на имунолошкиот систем, а потоа се создадава можност за зголемување на бројот на мутации и тогаш доаѓа до развој на клетките на ракот.
Канцерогени клетки при Рак на кожа
Наследниот фактор игра важна улога, имено лицата во чие семејство имало некој вид на рак имаат поголема веројатност да се разболат.
Превенцијата е најдобриот лек, нормален живот, доволно спиење, одмор, здрава исхрана, како и некои нешта кои стануваат недостижни: чистиот воздух, храна и вода, живот во не-озрачени површина (без компјутери, телевизори, мобилни телефони), храна без пестициди, хербициди, отрови и други. потенцијални штетни супстанции, чиста животна средина се предуслови за намалување на бројот на мутации на клетките.
За жал, модерниот човек сето ова тешко може да го избегне.
Спречување на настанокот на клетките и мутациите може да се постигне со зголемен внес на антиоксиданси, сретства што ги “поправат” мутираните молекули.
Антиоксидансите го спречуваат оштетувањето на различните молекули во организмот, па и ДНК-та со чија мутација настануваат клетките на ракот.
Витамините Е и Ц се моќни природни антиоксиданси, што е потребно да се внесуваат во адекватни количини.
Биофлавоноидите со кои особено е богато цитрусното овошје (лимон, портокал, грејпфрут) се многу корисни во антиоксидантната заштита.
Семето на грозјето содржи полифеноли со силно антиоксидантно својство.
Бета глуканите кои се богати Реиши и Шитаке печурките се природни стимулатори за зголемување на производството на природните клетки убијци, кои ги уништуваат малигно трансформираните клетки.
– Имуностимулатори за спречување на малигната мутација се – Реиши печурките, шитаке печурките, бета глуканите, масло од црн дроб на ајкула.
– Спречување на ќелиски оштетувања под влијание на зрачењето, хемикалии, пушење, стрес – витамин Ц, витамин Е, селен, цинк, боровинки, лимон и друго цитрусно овошје, зелениот чај, семе од грозје, ресвератрол, биофлавоноиди.
Реиши печурки