Пријателството и бившите партнери

Кога врската е квалитетна, партнерот го доживуваме како најдобар пријател.
Затоа кога ќе раскинеме, не само што го губиме партнерот, го губиме и најдобриот пријател.
Но, иако вие сметате дека е полесно поранешниот партнер да ви остане пријател, можеби во реалноста тоа е невозможно.
Ако останете пријател со поранешниот партнер, дали ќе можете да одите со него на кафе, а да не ги споменете темите поврзани со вас двајца?
Дали ќе можете да слушате за неговите моментални љубовни успеси? Веројатно не.
Вистинските пријатели можат да разговараат за сè, а вие со својот поранешен партнер нема да можете.
Ако сте го изгубиле партнерот, заедно со него сте ги изгубиле и пријателите, кои навистина ви биле драги.
Тие само ќе ве потсетуваат на сите убави моменти што сте ги поминале со партнерот.
Тука секако е и семејството што секогаш било со вас. Нема повеќе семејни собирања, на кои некогаш можеби сте им се радувале.
За сите нив можете да разговарате на првото кафе, но кога ќе ги истрошите тие теми, за што ќе зборувате?
Бидете свесни дека дружењето со поранешниот партнер не е само пријателско, туку тоа е дружење што ќе ве потсетува на времето што некогаш сте го поминувале заедно, а тоа повеќе го нема.
Тешко ќе можете да бидете пријател без оглед на тоа дали сè уште чувствувате нешто кон него или не.
Ќе ви требаат години за да можете да разговарате со вашиот поранешен како со најдобар пријател.
Ако останете во пријателски однос со вашиот поранешен партнер, секогаш ќе ви недостасува оној дел кога сте биле заедно.
Според тоа, најдобро е вие самите да одлучите дали сте подогтвени да останете пријател со поранешниот по прекинот на вашата врска.