Проблеми на секоја девојка при посета на фитнес центар

Велат дека на мажите, жена во салата им е многу повеќе атрактивна отколку при ноќно излегување.
И дефинитивно во тоа има вистина. Најдобро може тоа да го приметат дамите ако обрнат внимание на однесувањето на нивните машки колеги за време на тренингот.
Сепак, тоа носи одреден притисок врз жените, кои како и секогаш сакаат да изгледаат одлично.
Ова се некои од проблемите со кои тие се соочуваат за време на посетата на фитнес центар:
– Наидуваат на мажи кои секогаш сакаат да “помогнат” при извршување на вежбите
– Проблеми со долната облека и провидни хеланки
– Потта, се додека не сватат дека тоа е нормална појава во фитнес центар
– Тешки плочи со тегови оставени на шипката
– Пот од претходните вежбачи на клупата
– Чуден поглед од страна на мажите кога ќе влезат во сала за вежбање
– Заборавена опрема
– Недостаток на песни на плеерот
-Здодевни мажи кои се трудат да започнат разговор
-Гужва пред тушот во соблекувалната…