Протеински кекси

Состојки (15 парчиња):
1. Смеса:
– 10 гр путер
– 20 гр протеин од сурутка со вкус на ванила
– 200 гр кокос
– 1 големо јајце
– 50 гр рендано темно чоколадо
2. Смеса:
– 10 гр путер
– 20 гр протеин од сурутка со вкус на чоколадо
– 50 гр какао во прав
– 200 гр кокос
– 1 големо јајце
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени и двата плеха за печење обложете ги со мрсна хартија.
Во мал сад измешајте ги добро сите состојки од првата смеса, се додека не се добие фино тесто за обликување.
Во зависност од густината на путерот, додадете ако има потреба повеќе протеин во прав или малку вода.
Во друг сад, измешајте ги сите состојки за втората смеса, се додека не се добие фино тесто за обликување.
Со лажица земајте дел по дел од секое тесто и со рака правете топки, спојувајќи ги двете смеси во колаче.
Израмнете ги кексите со дланка и ставете ги во садот за печење. Печете 10-12 минути или додека работ на кексите не добие златна боја.
Можете да додадете суво или јаткасто овошје по желба за декорација 15 минути откако ќе ги ставите да се печат кексите. Потоа ќе ги оставите да се допечат уште 5 минути.
Оладете ги 15 минути и чувајте ги во фрижидер или замрзнувач.
Можете да ги конзумирате за појадок или како ужина. Ќе ве држат сити најмалку 3 часа.
Нутритивни вредности по колаче :
Енергетска вредност: 102 калории
Протеини: 58 гр
Масти: 7,6 гр
Јаглени хидрати: 17,1 гр