Протеински колачи со какао

Состојки (15 парчиња):
• 40гр протеин од сурутка
• 20 гр какао во прав
• 10 гр стевиа во прав
• 10 гр екстракт од мента
• 15 гр стопено масло од кокос
• 30 гр кокосово брашно
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во сад и промешајте добро. Со лажица направете форми во вид на кругови од смесата.
Потоа колачите ставете ги во плитка чинија во фрижидер и оставете ги 5-7 минути додека не се стврднат.
Овие колачи не се печат.
Да се чуваат во фрижидер или замрзнувач. Можете да ги јадете како ужина.
Нутритивни вредности по колаче :
Енергетска вредност: 25,7 калории
Протеини: 2,1 гр
Масти: 0,8 гр
Јаглени хидрати: 2,2 гр