ПРОТЕИНСКИ КОЛАЧИ СО КОКОС

Состојки (10 Парчиња):
• 2 јајца
• 100 мл млеко 0,5 масленост
• 200 гр кокосово брашно
• 50 гр мелени бадеми
• 2 гр мед
• 10 гр протеин од сурутка
• 5 гр прашок за пециво
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Измешајте ги млекото и јајцата со миксер па додадете им ги другите состојки.
Измешајте добро, смесата обликувајте ја во вид на кекси и печете околу 15 минути.
Се јадат ладни како замена за ужинка или за појадок со чаша млеко:)
Нутритивни вредности по колаче:
Енергетска вредност: 9,6 калории
Протеини: 1,8 гр
Масти: 4,6 гр
Јаглени хидрати: 3,9 гр