Протеински мафини со боровинки

Мој омилен протеински мафин со боровинки… Само еден мафин има речиси 9 гр на протеини! Идеална посластица за после тренинг!
Состојки (12 мафини):
1 шоља млеко од соја
1 лажичка јаболков оцет
1 шоља интегрално брашно (може да замените половина со брашно од овес или да ставите овесни снегулки во блендер и да ги направите во прав)
½ шоља казеин протеин или протеин од сурутка (ванила)
2 чајни лажици прашок за пециво
½ чајна лажичка сода бикарбона
¼ чајна лажичка сол
1 чајна лажичка цимет
1 чајна лажичка екстракт од ванила
1/3 шоља масло (по избор)
1/3 шоља кафеав шеќер
1 ½ шољи делумно замрзнати боровинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 350 степени.
Во стаклена чаша додадете го соиното млеко и јаболковиот оцет, измешајте и оставете го настрана.
Измешајте ги сите суви состојки во голем сад за мешање.
Направете голема дупка во средината на садот и додадете ги сите други состојки, освен боровинките кои полека ќе ги додавате додека мешате.
Спремете ја тавата или калапите за мафини. Може да ги користите корпичките за мафини или друга хартија, за да не ви се залепат колачите.
Полека и рамномерно наполните ги калапите.
Печете 22-25 минути. Проверете ги мафините (боцнете со чачкалица) за да проверите дали се печени.
Оставете да се оладат пред да ги сервирате. Наздравје 🙂
Нутритивни вредности (за 1 мафин) :
Калории: 173.1кцал
Вкупно масти: 7,4 гр
Заситени масти: 0,8 гр
Полинезаситените масти: 1,9 гр
Мононезаситени масти: 3,6 гр
Холестерол: 17.5 мг
Натриум: 225,3 мг
Калиум: 81,8 мг
Вкупно јаглехидрати: 19,2 гр
Диететски влакна: 2.8 гр
Шеќери: 2,8 гр
Протеини: 8,7 гр.