ПРОТЕИНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО СВЕЖО СИРЕЊЕ

Ви препорачуваме еден сјаен рецепт со протеини и јагленитехидрати одличен како дел од вашата исхрана.
Овој рецепт содржи немасна верзија на нутриенти, не само поради тоа што количината на масти треба да биде на ниско ниво кога правите процес за зголемување на нивото на јагленихидрати, туку и поради тоа што така го зголемувате нивото на протеини.
Овој рецепт нуди 64гр протеини И се вкупно 5,5 гр масти.
Состојки:
• 2 белки од јајца (28 kaлории, 7гр протеини, 0 гр јагленихидрати, 0 гр масти)
• 30 гр овес (118 kaлории, 5 гр протеини, 20 гр јагленихидрати, 2 гр масти)
• 30 гр протеин од сурутка PRO WHEY SHAKE 700 гр (117 калории, 27 гр протеини, 0 гр јагленихидрати, 1гр масти)
• 40 гр интегрално брашно (149 калории, 6 гр протеини, 29 гр јагленихидрати, 1гр масти)
• 150 гр немасно свежо сирење (105.5 калории, 19 гр протеини, 4 гр јагленихидрати, 1.5 гр масти)
• 1 чајна лажица топен маслац (или маслиново, кокосово масло, по ваш избор)
• Цимет / стевиа / сируп без шеќер (по ваш избор)
Нутритивни вредности:
64 гр протеини
53 гр јагленихидрати
5.5 гр масти
517.5 калории
Подготовка:
Ставете ги јајцата, овесот, протеинот од сурутка, брашното и сирењето во голем сад и матете додека смесата не се изедначи.
Потоа се топи путерот (по избор) во загреана тава (средна топлина) пред да ја сипете смесата за палачинки.
Откако ке ги направите палачинките, филувајте ги по желба за да го добиете саканиот вкус.