ПРОТЕИНСКИ ЧОКОЛАДЕН ШЕЈК СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ

Овој шејк е одличен за после вашиот тренинг.
Полн со сите потребни состојки кои му се потребни на вашето тело после тренингот.
СОСТОЈКИ
2 мерици протеин во прав од сурутка со вкус на чоколадо 100% Profesional Whey 2270 гр
1 чаша незасладено бадемово млеко, соино млеко или обезмастено млеко
1 банана
2 супени лажици путер од кикирики
3-5 коцки мраз
ПОДГОТОВКА
Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате додека не добиете изедначена смеса.
Време на подготовка: 5 минути
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
485 калории
21.5 гр масти
48 гр јаглени хидрати
7 гр влакна
32 гр протеини.