ПРОТЕИНСКО ОВЕСНО СМУТИ

Имате пет минути? Подгответе високо-протеински појадок со овој рецепт за ПРОТЕИНСКО ОВЕСНО СМУТИ кој можете да го конзумирате 5 дена како појадок.
Овесот е богат со растителни влакна, Исто така одличен избор за оние со кои се чувствителни на глутен (само бидете сигурни дека брендот што ќе го купите е глутен – free ).
Овој рецепт е комбинација од овес со млеко од соја, чиа семиња (полни со здрави масти) и протеин во прав и е одличен избор за вкусен појадок кој ќе ве одржи сити до ручекот.
Најдобриот дел е дека сите состојки ги оставате во голем сад да се впијат во текот на ноќта и нема потреба за готвење.
Време на Подготовка: 5 минути
Потопете ги состојките: 4 часа (или во текот на ноќта)
СОСТОЈКИ
3 чаши овесна каша (веќе подготвена)
4 чаши млеко од соја
1 лажичка екстракт од ванила
2 мерици протеин од сурутка PRO WHEY SHAKE со вкус на ванила
2 лажици чиа семе
малку сол
1/2 чаша грчки јогурт
ПОДГОТОВКА
1- Ставете ги сите состојки минус грчкиот јогурт во голем сад и мешајте додека смесата не се изедначи..
2- Ставете го садот во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ за состојки да се апсорбираат и да ги прошират.
3- На крај, додадете го грчкиот јогурт измешајте и уживај те. Чувај те ја смесата во фрижидер до 5 дена.
Можете во ова смути да додадете шумско, суво или свежо овошје.
НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ
• 220 калории
• 6 гр маст
• 31 гр јаглехидрати
• 201 мг натриум
• 7 гр влакна
• 2 гр шеќер
• 21 гр протеини.