Прочистете го организмот со вкусен протеински шејк од корнфлекс

Доколку денот го започнете со оваа вкусна комбинација, за брзо време од организмот ќе ги исфрлите токсините и ќе бидете поенергични и поподготвени за сите предизвици.
Состојки:
– 1 јајце
– 1 лажица мед
– свежо исцеден сок од половина лимон
– 50 гр корнфлекс
– 150 мл обезмастено млеко
Подготовка:
Сите состојки освен корнфлексот ставете ги во блендер и кратко изблендирајте на голема брзина со цел напитокот да стане лесно кремаст.
Готовиот кремаст напиток ставете го во стаклена чаша и посипете го со корнфлекс. Наздравје !!
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 42,6 kcal
Протеини: 2,4 гр
Масти: 10 гр
Јаглехидрати: 58 гр.