Пудрата треба да ја изберете според типот на кожата

Освен што ја прикрива несовршеноста на лицето, пудрата е одлична заштита од многубројните штетни фактори.
Денес на козметичкиот пазар имаме навистина голем избор – може да се најде пудра со состојки што ја негуваат и ја хранат кожата, како и оние со ефект против стареење.
При избирањето совршена пудра, најважно е да внимавате на типот на кожата.
Само на нормалната и на комбинираната кожа ѝ одговараат сите текстури на пудра.
Ако имате мрсна кожа, најдобро е да користите мат и пудра во прав, додека за сува кожа се препорачува пудра со маслена основа.
Од неодамна, меѓу повеќето мејкап-производи има и транспарентни течни пудри што совршено ги прикриваат неправилностите и прават кожата да изгледа природно и свежо.
Тие се одлична подлога за многу стилови на шминкање, поради што и визажистите максимално ги користат како дел од мејкапот.
Изборот на тонови е навистина голем, од изразено светли до оние темни и седефасти.
Пред купувањето, задолжително пробајте ја пудрата на вратот или на лицето бидејќи единствено така ќе можете да видите колку таа ви одговара.
Најдобра е онаа боја што се претопува со кожата така што не се гледа разликата.