Пурпурни Колачи со протеин од сурутка

Состојки:
• 2 мали варени цвекла
• ½ чаша протеин од сурутка со вкус на ванила PRO WHEY SHAKE 700 gr
• ¼ чаша кокосово брашно
• ¼ чаша млеко 0,9 масленост
• Една лажица путер
• 40 грама растопеното 85% темно чоколадо.
Подготовка:
Сите состојки освен темното чоколадо замесете ги во тесто.
Темното чоколадо го топите во сад над пареа.
Потоа од тестото си правите форми по избор и ги прелевате колачите.
Ставете ги колачите 30 минути во фрижидер да отстојат.
Јадете ги како појадок или замена за оброк.
Хранливи вредности (по колаче):
Енергетска вредност: 68,3 калории
Протеини: 3,2 гр
Масти: 3,9 гр
Јаглехидрати: 6,2 гр.