РАЗВЛЕКУВАЊЕ СО ТЕГОВИ ЛЕЖЕЈЌИ НА РАМНА КЛУПА (FLAT BENCH DUMBBELL FLY)

Мускули на кои вежбата примарно делува: средни пекторални мускули (middle pectoralis major)
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: предниот делтоиден (anterior deltoid)
Кога да ја правите оваа вежба? – Подоцна во текот на тренингот на мускулите на градите.
Со грб легнете на рамната клупа.
Во првобитната положба теговите се наоѓаат во средина на градите и скоро ги допирате а ги придржувате, на начин што палците се свртени еден кон друг.
Спуштете ги теговите со полукружно движење (во форма на лак) до ниво на градите т.е се додека рамениците и градите целосно не ги истегнете.
Додека теговите ги спуштате рацете не се целосно испружени односно благо се свиткани во лактите.
Врати ги теговите на почетна позиција кревајќи ги полукружно во облик на лак нагоре.
Издишете при подигнување и издишете при развлекување со теговите односно во фаза на спуштање на теговите.
Важно е да се напомене дека теговите никогаш не се спуштаат на ниво пониско од нивото на градите, бидејќи тоа носи ризик од повреди на зглоб на рамената и не се препорачува да се прави оваа вежба со голема тежина на теговите.