Разлики помеѓу настинките и алергиите

Настинките и алергиите имаат многу симптоми, често е тешко да се знае она што предизвикува кивање, поспаност, шмркање на носто, солзи во очите.
За среќа, постојат многу клучни знаци кои помагаат во дијагнозата, за што побрзо да се спречи и да се закрепне.
Секако, можеби делат некои симптоми, но алергиите и настинките се разликуваат како јаболка и портокали.
Додека обичната настинка е предизвикана од вируси, алергиските симптоми се одговори на имунолошкиот систем на алергени како полен, прашина, кучешки влакна.
Најлесен начин да ја пронајдете разликата е во времетраењето.
Настинката не трае подолго од 10 дена, додека алергиите може да ги мачат луѓето со месеци.
Сезонските алергии обично се јавуваат секоја година во исто време, додека настинките во зима и есен.
Секоја болест има свои најлоши симптоми.
Кај настинката, кашлицата и запушениот нос се обично докази, додека кај алергијата чешање во устата, очите и грлото се индикатори.
Видот на секретот поврзани со алергии и настинки се различни.
Жолт е слузот поврзан со настинката, додека кај алергијата слузот е тенок и бел, други симптоми поврзани со настинака се омалаксаност, замор и треска, додека кивање во тек на целиот ден обично укажува на полен.
Разлики меѓу настинката и алергијата:
Настинка:
– Обично се: кашлица, болки во грлото, течење / затнат нос, кивање
– Понекогаш: замор, болка
– Ретки: треска, отекување на очите
Алергија:
– Обично се: чешање на очите, течење / затнат нос, кивање
– Понекогаш: кашлица, главоболка, замор
– Никогаш не се: треска, болка
За да се заштитите од настинката, мијте ги рацете редовно и дистанирајте се далеку од оние кои се болни – настинките се минливи (не алергиите).
Ако е премногу доцна, земете одмор и конзумирајте течности, земете лек и пилешка супа, која секогаш може да ви помогне.
Што се однесува до алергии, најдобро решение е да се чувате од алергенси. Затворете ги прозорците, вклучете го клима уредот за да се спречи влегувањето на полен во домот, и исчистете по кучето во просторијата каде што се наоѓате.
Земете антихистаминици и деконгестиви и проверете ја состојбата на полен пред да излезете надвор.
Запомнете: секогаш најдобро е да се консултирате со лекар што го предизвикува вашето кашлање и кивање.
Ако температурата не ви се намалува, односно ако настинката трае подолго од 10 дена или ако алергиските симптоми не поминуваат, можеби е нешто покомплицирано од обичната настинка и алергија.
Заздравувањето е главната работа за продолжување на планот за тренинг и за да уживате во летните пијалоци.