Реуматоидeн артритис

Реуматоидниот артритис е системска болест која често предизвикува медицинско внимание поради хроничното, дифузно воспаление на зглобовите.
Прогресијата на болеста е варијабилна. Кај некои пациенти, може да се излечи комплетно или да премине во средно тежок слабо-прогредирачки полиартикулит.
Кај други, деструкцијата на зглобот може да биде немилосрдна и длабока, што резултира со загуба на мускулоскелетната функција со деформитет и неподвижност на зафатените зглобови.
Повекето екстра-артикуларни манифестации на реуматоидниот артрикулит придонесуваат значително за вкупниот морбидитет на заболувањето.
Клиничка слика
Реуматоидниот артритис е хроничен, симетричен артритис, кој ја напага синовијалната слузница на зглобот.
Во раниот стадиум најчесто се појавува на рацете, со отекување, топлина и осетливост главно на проксималните интерфалагеални (Р1Р) и метакарпофалангеални (МСР) зглобови.
Пациентот се жали на болки и вкочанетост. Најголема е болката и вкочанетоста после будење, што е карактеристично (белег) за реуматоидниот артрит, обично надминува 30 минути и може да трае со часови.
Иако, најчесто иницијално се зафатени рацете и нозете, синовитисот може да се појави и на големите зглобови како што се: коленото, глуждот, лактот како и на интервертебралните и темпоромандибуларните зглобови.
Кај повекето пациенти, почетокот на болеста е бавен и подмолен, и повекето пациенти опишуваат продромален период од неколку недели на слабост и замор.
Нејасни болки често претходат на реалниот почеток на артритисот.
Повремено, пациент со манифестација на неочекуван, акутен полиартрит и треска може да се смеша со сепса.
Околу 15% од пациентите имале моноартикуларен артрит, што може да ја маскира дијагнозата.
Некои пациенти кај кои полиартритот имал нагол почеток, со треска и општи тегоби, болеста може да стивне исто така нагло т.е ненадејно.
Текот на болеста може да биде толку брз со неможност да се постави специфична дијагноза и кај овие пациенти се вели дека имаат реума (раИпЛготк гкеитаИзт).
Пациентите со фулминантен почеток на реуматоидниот артрит, пациентите со вклученост само на неколку зглобови и мажите имаат добра прогноза.
Клиничките испитувања мораат да вклучат темелна евалуација на зглобниот систем, со внимателно документирање на отекување, синовијално задебелување, осетливост, болка и степен на подвижност на сите периферни зглобови.
Реуматоидните нодули се цврсти, округли маси. Иако најчесто се наогаат во подкожното ткиво на места со надворешен притисок (нашр. олекранон), реуматоидните нодули може да ги зафатат и другите органи.
Тие се појавуваат кај 20% од пациентите со реуматоиден артрит, скоро кај сите кои се серопозитивни.
Снимките со Х-зраци на инволвираните зглобови првично може да откријат само оток на мекото ткиво.
Ако воспалителниот процес се вкорени, рентгенските наоди може да вклучат артикуларна остеопороза, симетрично стеснување на зглобниот простор и ерозии на коските блиску до припојот на зглобната капсула.
Овие рентгенски наоди се типични особено кај вторите и третите метакарпофалангеални (МСР) зглобови.
Во прилог на тестовите за реуматоиден фактор, лабораториските испитувања можат да докажат постоење на воспалително нарушување.
Хипергамаглобулинемија, зголемена седиментација на еритроцитите, и анемија од хронична болест се чести наоди.
Анализите на синовијалната течност покажуваат тип II на воспалителна течност.
Прогноза
Реуматоидниот артрит предизвикува значителен морбидитет и го скратува животниот век на пациентите.
Иако многу од пациентите се уште функционираат во наредните 10 години, степенот на болка, страдањето и слабоста можат да бидат сериозни и отприлика 15% од пациентите се целосно неспособни.
Спонтани ремисии може да се јават само во првата или втората година.
Со соодветни терапевтски интервенции, бројот на пациенти кои се чувствуваат добро продолжува да се зголемува.