РЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМИ МУСКУЛИ

Иако има многу теории кои го ‚‚зголемуваат‚‚ обемот на мускулите, но ретко која од нив е точна и има позитивен ефект врз растот на мускулите.
Причината е во тоа што повеќето од овие теории е врз основа на субјективен напредок и според тоа не значи дека тоа ќе има ефект врз вас.
Ние ви презентираме рецепт што е докажани од страна на американскиот универзитет Санта Моника,,.
Овој начин на вежбање може да го забрза растот на мускулите за 40%, со правилна исхрана.
Како до поголеми мускули?
Многу вежбачи грешат откажувајќи кога ќе стане премногу тешко. Причината за ова е лошата мотивација и слабата желба.
Ако остане во зоната на комфорот односно се откажете кога ќе стане напорно, не може да напредувате.
За вашите мускули да растат треба да ги оптеретите и да издржат болка. Силен тренинг е потребен, ако сакате да напредувате.
Се разбира, не треба да претерувате, болката е сепак предупредување дека сте ги оптеретиле мускулите до одреден степен.
Како да знаете кога да престанете а кога да го зголемите интензитетот на тренингот?
Вежбачите познаваат два вида на болка.
Кога ќе почувствувате болка во мускулите тоа е јасен знак дека тие растат.
Во вакви околности, можете да направите неколку повторувања (2-4), но не цела серија.
Се разбира, ова е дискутабилно и зависи од интензитетот на болката, ако болката е слаба продолжете до крајот, кога ќе почувствувате силна болка во мускулите тоа е предупредување дека наскоро треба да се откажете, односно ќе имате време за уште 2-4 повторувања.
Ако ве болат зглобовите или тетивите обавезно направете пауза или намалете го интензитетот на тренингот
Болката во мускулите е знак на раст, но бидејќи тетивите и зглобовите не растат, болка во овие места е знак дека сте претерале.
После силно и болен тренинг задолжителен е добар одмор, кој вашите мускули ќе ги опорави и додатно ќе ги зголеми.
Ако не сте во можност да одморате после тренинг, не ја надминувајте границата на болка. Запомнете дека мускулите растат, додека одмарате.
Ниту еден тренинг не може да донесе напредок каков што може да донесе одморот после тренингот.