Рецепт за Сладолед од јагоди за вегетаријанци

Нашиот вегетаријански рецепт за сладолед од јагода е поздрав и неверојатно лесно се прави.
Јагоди- главната состојка во овој рецепт се преполни со антиоксиданси, витамин Ц, влакна и природно благи па ние не користиме шеќер за рецептот подолу.
СОСТОЈКИ
450 гр замрзнати јагоди
150 мл млеко
1/4 лажичка течна Стевиа
1 1/2 лажичка сок од лимон
ПОДГОТОВКА
– Сите состојки се вметнуваат во блендер и се меша додека смесата не се изедначи.
– Смесата префрлете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач 30 минути.
Доколку не е убаво замрзнат сладоледот, оставете се додека не стврдне а потоа можете да го послужите декорирајќи го со јагоди или било кое друго овошје по избор.
НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ
• 177 кцал
• 16 гр масти
• 10 гр јаглехидрати
• 10 мг натриум
• 3 гр влакна
• 6 гр шеќер
• 1,5 g протеини.