Рок на траење на производите кои ги употребувате за шминкање

Кога последен пат сте го исчистиле вешиот несесер и сте ги фрлиле старите производи?
Не се сеќавате? Тогаш сега е идеално време да го направите тоа!
Голем дел од нас жените со тешко срце се разделуваат од производите од нашата козметичка чантичка, особено ако се работи за врвни производи што сме ги платиле поскапо.
Сигурни сме дека имате барем еден производ што едноставно немате срце да го фрлите, без разлика дали сте го платиле поскапо, сте го добиле на подарок или сте го употребиле само еднаш.
Иако вашата шминка уште години ќе изгледа еднакво употребливо, не си дозволувајте сјајот и боите да ве прелажат!
Многубројни истражувања покажаа дека мејкап-производите со текот на времето развиваат бактерии што на подолго време можат многу повеќе да ви наштетат отколку да ви користат.
Токму од таа причина треба редовно да ја фрлате старата козметика.
Стручњаците велат дека течните пудри и кармините можете да ги користите до една година, руменилата, камените пудри, пудрите во прав и сенките до две години.
Убедливо најкраток период на траење има маскарата што треба да ја фрлите по 3-4 месеци користење.
Добра алтернатива за честото фрлање на производите, а со тоа и пари в ѓубре, е купувањето минерални мејкап-проиводи што содржат помалку конзерванси од повеќето мејкап-производи.
Овие производи чинат повеќе, но затоа пак траат подолго!