Рони Колман повторно тренира и по 7-те операции

По седум операции на кои беше подложен пред половина година и рехабилитација во која беше вклучена обука за да научи да оди со новите колковите, легендарниот најтрофеен Мистер Олимпија Рони Колман, повторно му покажа на светот од што се направени шампионите и какво срце имаат.
Човекот кој поради горенаведените здраствени проблеми 6 месеци мораше потполно да заборави на она во што најмногу ужива и што му донесе слава во светски размери конечно доби зелено светло од докторите дека може да продолжи да вежба и да поработи на враќање на импозантната мускулна маса со која Рони отсекогаш се одликувал.
“Ова е конечно вистинскиот момент за мене по 6 месеци боледување. Да знам дека сега сум многу мал и изгубив тони во тежината но јас знам дека со жестоките тренинзи и посветеноста ќе ја вратам својата величина.
Немам освоено 8 титули на Мистер Олимпија верувајќи во себе и убивајќи се од тренирање така да знам дека ќе се врамам таму каде што сакам да бидам” вели Роки сеќавајќи низ се што мораше да помине во изминативе 6 месеци:
Досега сум имал седум операции, а вториот од најкомплицираните и најтешкиот предизвик за моето тело.
Тоа беше фузија на второто ниво со 6 завртки, двa големи кафези и многу голема изолација.
Се ‘уште не можам да одам без помош, но ќе се вратам до нормала одење, како што и ќе ја вратам мојата нормална големина “, рече неуништивиот Рони, кој вели дека сила на која сите му се восхитуваат ја наоѓа во верата.