Секој што пробал тврди: Диетата со лимон е најдобра! Десет килограми помалку за 14 дена!

Доколку сакате целосно да го промените изгледот и да изгубите 10 килограми, покрај добра волја, потребен ви е и лимон!
Оваа диета брзо топи килограми и масти, но го зајакнува организмот и ги чисти крвта и лимфата. Диетата со лимон е план за чистење на организмот и слабеење, што ќе го детоксицира организмот за 14 дена и ќе ви помогне да изгубите до десет килограми.
Некои може да речат дека лимонот не е најдобриот избор на овошје за здрава исхрана и слабеење. И покрај неговата популарност во готвењето и за соковите, тешко е да се замисли некој да јаде цел лимон.
За среќа, не мора да јадете лимони за време на оваа диета со лимон. Наместо тоа, ќе ги користите својствата на лимонот за согорување на маснотиите, што ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.
Многу професионални диететичари и нутриционисти тврдат дека лимонот ги содржи сите потребни елементи за разградување на маснотиите и затоа го олеснува слабеењето.
Меѓу другото, лимонот содржи лимонска киселина, која помага во согорување на маснотиите, го забрзува метаболизмот, а исто така го намалува апетитот. Лимонска киселина придонесува за поинтензивно производство на желудочна киселина и како резултат, го подобрува варењето на храната. Здравата кора од лимон содржи пектин кој помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Постојат многу различни витамини кои се наоѓаат во лимоните, вклучувајќи го и витаминот Ц, за кој е најдобро познат и кој го зајакнува имунитетот, што е исто така важен фактор во процесот на слабеење. Во принцип, лимонот е неверојатно овошје со кое можете да го исчистите вашето тело, да ја исчистите крвта и лимфата, да го забрзате метаболизмот и, покрај тоа, да изгубите тежина и да спречите некои болести.
Диетата со лимон е многу едноставна: пијте одредена количина сок од лимон измешан со вода секое утро пред појадок.
Совет: Исплакнете ја устата со свежа вода веднаш по пиењето сок од лимон за да спречите оштетување на глеѓ на забот од лимонска киселина.

План на диетата
Ден 1: сок од еден лимон измешан со чаша свежа вода.
Ден 2: сок од два лимона измешан со две чаши свежа вода.
Ден 3: сок од три лимони измешан со три чаши свежа вода.
Ден 4: сок од четири лимони измешани со четири чаши свежа вода.
Ден 5: сок од пет лимони измешани со пет чаши свежа вода.
Ден 6: сок од шест лимони измешани со шест чаши свежа вода.
Ден 7: сок од три лимони измешани со десет чаши свежа вода. Додадете една лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.
Ден 8: сок од шест лимони измешани со шест чаши свежа вода.
Ден 9: сок од пет лимони измешани со пет чаши свежа вода.
Ден 10: сок од четири лимони измешани со четири чаши свежа вода.
Ден 11: сок од три лимони измешани со три чаши свежа вода.
Ден 12: сок од два лимона измешани со две чаши свежа вода.
Ден 13: сок од еден лимон измешани со чаша свежа вода.
Ден 14: сок од три лимони измешани со десет чаши свежа вода. Додадете лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.
Ако ви е тешко да го испиете одеднаш, пијте колку што можете повеќе, а остатокот оставете го за подоцна. Само проверете дали сте го испиле најмалку еден час пред оброк .
Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми.
Диетата со лимон е особено ефикасна во есен или пролет, во време кога на нашето тело му се потребни дополнителни витамини и детоксикација.
Ако комбинирате нискокалорична диета со лимон ќе добиете уште подобри резултати! Јадете пет мали оброци, но навистина мали, не прејадувајте , не јадете тестенини, колачи или бел леб .
Заборавете на газирани пијалоци, слатки сокови или алкохол. Избегнувајте закуски чипс, флипс, слатки и слично .
Напомена, пред секое почнување на било каква диета консултирајте се со вашиот матичен лекар.