Секси и заводливи: 10 начини да бидете повешти во кревет!

Наспроти популарните верувања, не ви е потребно знаење од водичи како “Како да се биде порно ѕвезда во кревет.”
Всушност, работите се многу поедноставни и повеќе реални неопходно е веќе постоечките квалитети правилно да ги усмерите.
1. Бидете отворени
Без оглед на сексуалните фантазии на вашиот партнер или на вашите треба да бидете отворени за различни предлози.
Уживајте во секој момент на своите желби и спроведете ги на дело.
2. Бидете иновативни
Ова значи да се биде креативен и да излезете од тие стандардни рамки и сексуални пози.
Исто така, кога ќе почувствувате неподнослива страст, слободно изразете ја на некои неочекувани места.
Сексот не мора да биде модел “ноќ и кревет.”
3. Немојте премногу да го анализирате сексот
Постојано се фаќате себеси како размислувате за секс на работа, додека вежбате или трчате. Тоа е добро и пожелно.
Сепак, не размислувајте премногу екстремено за да започнете да ги анализирате деталите.
Мора да оставите доза на спонтаност за целото искуство да биде поинтензивно.
4. Дозволете потребите на партнерот да бидат пред вашите
Ова е важно за вас и вашиот партнер за повеќе да бидете поврзани.
Кога тој ќе увиди дека давате се од себе за нему да му биде убаво и дека се грижите за неговите желби, тој подоцна уште повеќе се потруди да ве задоволи во кревет.
5. Тешко е да се биде добар во кревет ако правите постајано иста работа
Сексот не треба да стане рутина, бидејќи рутината го уништува задоволството.
Се разбира, вие не треба да станете непослушните или порно ѕвезда, но само имајте став – Зошто да не, тоа би можело да биде забавно!
6. Уживајте во себе
Или со други зборови, мастурбирајте.
Затоа што само некој кој е поврзан со своето тело и ги разбира своите потреби и страсти, вештински ќе ги изрази со партнерот а тоа е рецепт за вистински “огномет”.
7. Не бидете премногу критични кон вашето тело
Добро имате неколку стрии, целулит и немате совршени стомачни мускули.
Па што? Може ова ќе ве изненади, но мажите не обрнуваат внимание на секоја нерамнина на вас. А вие?
8. Бидете гласни во сексот
Мажите тоа го сакаат, а вие ќе се чувствувате како главната актерка во некој акционен филм.
Ако молчиме и не правите ништо, партнерот ќе мисли дека не ви е возбудливо со него, поради што може да престане да се труди окулу вас.
Инспирирајте го со некоја провокативна реченица и подгревајте ја страста!
9. Физички активирајте се
Кога редовно одвојувате време за себе и за вашето тело и дух, подобро ќе се чувствувате, а жената со сигурност е нешто најеротски.
10. На крај, бидете внимателни и духовити
Сексот не може да биде совршен до детаљ, без оглед колку сте вешти.
Во вистинскиот живот ќе се случи нешто неочекувано и духовито, па бидете подготвени да се пошегувате на своја сметка.
Ништо не е посекси од вистинска доза на хумор.