Сексот како вежба за тело!

Заборавете на џогирање низ соседството.
Во сексот се користат сите групи на мускули, сексот ги раздвижува срцето и белите дробови да работат брзо, и согорува околу 300 калории за еден час”,се вели во текстот објавен на веб страницата на британското здравство.
Најмалку три пати неделно, утринскиот секс, ја подобрува функцијата на срцето и со тоа го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Одличен е за циркулацијата на крвта и го држи крвниот притисок под контрола.
Го зајакнува имунолошкиот систем. Непосредно пред оргазмот, лачи хормон ендорфин кој создава чувство на задоволство и е природен аналгетик. Ублажува болката од артритис до мигрена.
Тешко и неверојатно е дека ќе најдете подобри вежби и тренинзи од сексот или начин да го поминете слободното време.Бидејќи оваа вежба не само што е благодет туку од неа ги добивате и следниве забавни активности, ќе споменам неколку:
1. Од естрогенот косата станува посјајна а кожата помека
2. Сексот ја чисти кожата од акни.
3. Троши калории.
4. Позабавен е од напорен тренинг и гори голема количини на калории.
5. Ендорфинот лекуваат депресија и делува стимулативно.
6. Сексот го стимулира лачењето на феромон,а феромонот иницира на уште повеќе секс.
7. Подобро ве смирува од валиум.
8. Создава повеќе плунка во устата за време на бакнувањето а со тоа ја намалува концентрацијата на киселина во устата и ги чува вашите заби.
9. Сексот ја намалува главоболката и мигрената.
10. Го прочистува носоткај настинка. Дејствува како антихистамин, и ја ублажува астма и ја намалува температурата.
Сексот не е само прашање на техниката, туку на целиот начин на живот. Потребно е да вежбате и тоа вежби за телото и духот, потоа со правилно да се храните и да ги избегнувате лошите навики, а потоа може да станете мајстори во кревет.
Најпосле секс во бројки:
Бакнување согорува 120-325 калории за еден час, соблекување 8-87 калории, зависно од тоа дали се соблекувате сами, или еден со друг. Мастурбација гори 100-150 калории условено со годините.
Помладите луѓе согоруваат повеќе. Самиот чин на секс согорува 300 калории, а оргазам 60-100 (интересен факт за ова е тоа што жените и кога глумат оргазам согоруваат 160 калории, бидејќи вложуваат повеќе енергија во презентацијата на лажното задоволство).
Сепак сексот е физичка благосостојба и ни носи една важна духовна, бидејќи иако сексот не мора да биде поврзан со емоции, не постои ништо подобро од рекреација со лицето со кое сте близок. Самите по себе стануваме посреќни и работите околу себе полесно ги извршуваме.