Семки од сончоглед- извор на витамин Е и Б1

Семките од сончоглед имаат висока содржина на масло дури 50 проценти, а доминантнаат полинезаситени масни киселини, особено линолната.
Не е занемарлива ни содржината на протеини.
Семки од сончоглед се одличен извор на витамин Е и Б1 и добар извор на манган, магнезиум, бакар, селен, витамин Б5, фолна киселина и диетални влакна.
Еден грст семки од сончоглед одлично го намалуваат гладот, но исто така содржат многу корисни материи.
На листата за супернамирници се најдоа и семките од сончоглед. Семките од сончоглед содржат моќни антиоксиданти – витамин Е и селен.
Антиоксидансите се способни за неутрализирање на слободните радикали и со тоа да го заштитат телото од голем број од дегенеративните болести на денешницата, како што се кардиоваскуларните заболувања и рак.
Поради поволните содржина на етерични линоленски масни киселини, витамин Е и протеини, редовното внесување на семки од сончоглед ја навлажнува сувата и дехидрирана кожа а исто така може да биде од корист кај егзем.
Семките од сончоглед ја делат судбината на останатите семиња – популарни грицки се и чест прилог во лебот.
Може да бидат одличен додаток на вашите омилени житарки, јогурт или туна салата или пилешко.
Обичните пржени јајца ќе добијат посебен вкус ако додадете семки од сончоглед.
Исто така и печени и мелени овие семенки од сончоглед се одличен вкусен додаток и во разни чорби и сосови.
Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.
Само 100 грама семе обезбедува околу 21 грам протеини, излупените семки од сончоглед содржат 560 калории во 100 гр додека сончогледовото масло 900 калории.
Семето е и неверојатно богат извор на многу есенцијални минерали.
Калциум, железо, мандан, цинк, магнезиум, селениум, и јаглен се особено концентрирани во сончогледот.
Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализацијата на коските, продукцијата на црвени крвни зрнца, синтеза на ензими, создавање на хормони, како и регулација на кардио и мускулните активности.